Нов шок за Израелците: Хамас им предал погрешно тело. Каде е мајката на најмладите заложници?

Сподели со своите пријатели

Во четвртокот Хамас му ги предаде на Израел ковчезите во кои требаше да се наоѓаат најмладите заложници и нивната мајка, како и телото на четвртиот заложник Одед Лифшиц.

Loading...

Сите тие беа киднапирани во напад на Хамас на 7 октомври 2023 година и одведени во Појасот Газа.

Хамас при предавањето приреди морбидно шоу. На сцената беа поставени ковчези, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше прикажан како вампир на плакати. Сето тоа го следеше мноштво народ и го прослави.

Во петокот дојде шок. Израел објави дека меѓу телата ја нема Шири Бибас.

Нејзиното тело требало да биде предадено заедно со нејзините синови Кфир, кој во моментот на киднапирањето имал само девет месеци и Ариел, која тогаш имала четири години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

По прегледот на телото било утврдено дека дефинитивно не е Шири и дека не е телото на ниту една од киднапираните жени.

Затоа Шири се уште се води како исчезната, пишува Билд.

Со преглед на телата на момчињата е утврдено дека тие загинале во ноември 2023 година.

Loading...

Хамас тврдеше дека биле убиени во израелски воздушен напад, а Израел сега тврди дека биле убиени од терористи.

Израелската војска објави дека „Хамас сериозно ја прекршил својата обврска да ги предаде заложниците“.

Освен што не го предале телото на мајката, Хамас ги заклучил ковчезите со катанци, а клучевите што им ги дале на Израелците не одговарале на бравите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три бомби експлодираа во Израел, сомнежи за тероризам

Јарден Бибас, таткото на децата и сопруг на Шира, исто така беше киднапиран, но тој беше ослободен во февруари.