Нов напредок на украинските сили во Херсон

Сподели со своите пријатели

Украинските сили напредуваа во јужната провинција Херсон и презедоа контрола врз некои села, изјави во понеделникот локален претставник назначен од Русија.

Loading...

„Да речеме само дека е тензично“, изјави за државната телевизија Владимир Салдо, шеф на регионот Херсон, кој беше назначен од руските власти.

„Во областа Каховка се наоѓа населбата Дудчани… таму е направен пробив и има населби кои беа окупирани од украински војници“, рече тој.

Тоа место на западниот брег на реката Днепар е на околу 40 километри низводно од местото каде еден ден претходно руските војници се судрија со украинските војници.

Украинските власти не дадоа никакви изјави за контраофанзивата што ја спроведуваат на југ, но руските блогери пишуваат дека украинските тенкови напредуваат кон реката Днепро.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.