Номад е нов македонски бенд формиран во 2021 година, кој го сочинуваат претежно кумановци и еден штипјанец.
Бендот прави преработки на македонски народни песни во progressive rock/fusion варијанти.
Целта на бендот е да се зачува и негува македонската традиционална музика.
– Ние сакаме да им ја доближиме македонската музика на луѓето, преку наши преработки на сплотени два спротивни жанра и да ги пренесеме емоциите и приказните кои живеат во нашите срца, изјави Мима Младеновска, вокал на бендот.
Номад во моментот работи на своја авторска музика а нивниот водечки мотив се токму примесите од традиционалната песна.
Мима Младеновска е вокалот на бендот, Христијан Ивановски е гитаристот, Јован Цветковиќ – пијано, Иван Јовановски – бас и единствениот штипјанец меѓу кумановци Андреј Николов на тапани.
Бендот својот прв настап во јавноста го имаше на Гитаријада Куманово, а продолжува со Astivo Jazz Festival во Штип.
– Тука ќе ја претставиме нашата прва авторска песна насловена „Душевен плод”. За сите кои што сакаат да не слушнат нека го посетат фестивалот на 19 септември каде што ќе настапи и Влатко Стефановски, додава Младеновска.
Во продолжение може да слушнете како звучат некои нивни преработки:
Никола Ивановски / фото: Ѓорѓи Костовски