Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави Барак Обама не ја поддржа претседателската кандидатура на потпретседателката Камала Харис, бидејќи смета дека таа не може да го победи републиканскиот кандидат Доналд Трамп, изјави извор близок до семејството на американскиот претседател Џо Бајден.
„Обама е многу вознемирен затоа што знае дека таа (Камала Харис) не може да победи. Знае дека е едноставно неспособна. Таа не може да управува со нагазните мини што се пред неа“, изјавил извор за New York Post.
Изворот не полага големи надежи за телевизиска дебата меѓу Трамп и Харис.
По повлекувањето на Бајден од трката за уште еден мандат во Белата куќа, Обама сакаше сенаторот од Аризона и поранешен астронаут Марк Кели да биде кандидат на Демократската национална конвенција во август.
Поранешниот гувернер на Илиноис, Род Благојевич, кој сега е поддржувач на Трамп, вчера за Волстрит журнал изјави дека Обама бил клучен во исфрлањето на Бајден од претседателската трка.
„Тоа (оставката на Бајден) не можеше да се случи без него (Обама)“, рече Благојевич за Њујорк.
Како што беше наведено, Обама го убедил Бајден да не се кандидира за претседател во 2016 година за да ѝ дозволи на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да стане претседател.
Се очекува Харис во август и официјално да биде прогласена за претседателски кандидат на Демократската партија, а ја поддржаа Бајден, поранешниот претседател Бил Клинтон и Хилари Клинтон, како и поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, пренесува Танјуг.