Низа хуманитарни настани на Црвен крст Куманово во април

Сподели со своите пријатели

Низа разновидни хуманитарни акции има закажано Општинската организација на Црвен крст Куманово за претстојниот месец.

Loading...

Претстојниот викенд во Соколана ќе се одржи хуманитарен турнир во фудбал. Пвкупно 18 екипи од 29 до 31 со почеток во 16:00 часот ќе играат за семејството Максимовски.

– Влезот ќе биде слободен за сите заинтересирани посетители кои се обожаватели на овој спорт. Оваа активност е во склоп на проектот „Парцела на среќа“ каде што корисникот е тричлено семејство Максимовски. Нивниот дом бил опожарен пред две години, но од тогаш па досега не се средени многу работи и немаат добри услови за живеење. Преку овој проект младите ќе ги реновираат нивните две соби и ќе им бидат обезбедни потребни работи како кревет, фрижидер, тепих и слично, изјави Никол Ѓорѓевска од ОО на Црвен крст Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

 

 

На 8ми април ќе се одржи хуманитарен концерт во рамките на проектот „Успешна мисија за подобра визија“.

Целта на овој проект е да се обезбедат очила за вид на дечиња од социјално ранливи категории, како и преуредување на Здружението на слапи лица во Куманово.

Loading...

– На овој хуманитерен настан учество ќе земат млади од средните општински училишта на територија на Куманово, дел од нив ке се претстават со поезија, дел од нив со песна и свирење на виолина. Учество исто така ке земе и нашата локална артистка Ивона Јо, а бидејќи нашиот настан е на 8 април, а тој ден е Национален ден на ромите, ќе бидат посветени две точки во чест на Национален ден на ромите, изјави Ѓорѓевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

 

 

Како што додава таа, хуманитарно планинарење ќе се одржи на 30ти април во рамките на проектот „Со цело срце за нечие подобро утре“, кој има за цел да помогне на сограѓанката Јована Илиевска за успешно да продолжи со своето лекување.

Во текот на претстојниот месец во ООУ „Браќа Миладиновци“ ќе се одржи и хуманитарен базар, на кој ќе се соберат средства за потребите на децата од посебната паралелка на училиштето.

– Младите кои работат на проектот „Посебна љубов’’ одат три пати неделно во ООУ “Браќа Миладиновци’’ и работат со дечињата со посебни потреби од посебна паралелка во самото училиште. Волонтерите ги забавуваат децата, се дружат со нив, цртаат, играат спорт, прават полигони со најразлични вежби, додава Ѓорѓевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

 

Loading...

 

Во рамки на проектот „Со цело срце за нечие подобро утре“ се планирани хуманитарни базари и во останатите училишта, а во план е и 3×3 турнир во баскет

Засега има планови и за изработка на детски боенки, креативни работилници по повод Велигден, но и организација и изложба на автомобили.

Никола Ивановски