Адвокатка од Куманово пронајдена почината во својата канцеларија

Сподели со своите пријатели

Шеесет и шестгодишна адвокатка од Куманово вчера околу пладне била пронајдена почината во својата канцеларија.

– На 23.06.2026 во 12:23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во сопствената адвокатска канцеларија во Куманово е пронајдена почината С.З.П.(66) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на почината било дадено на обдукција.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продолжува монтажата на системот за греење и вентилација во Спортската сала во Куманово (ФОТО)