Топлотниот удар е сериозна закана за здравјето на вашите миленици.
Топлотниот бран е во полн ек, а ако мислевте дека само вам ви е жеко и тешко, се излажавте.
Имено, и кучињата и мачките можат да доживеат топлотен удар, кој може да биде опасен по нивното здравје.
Затоа е важно да знаете како да ги препознаете симптомите и да ги следите советите кои можат да ви помогнат во вакви ситуации, пишува N1.
Кучиња
Ако забележите еден или повеќе од следниве симптоми, на вашето куче можеби му е премногу жешко или можеби веќе страда од топлотен удар:
– Повраќање
– Дијареа
– Немирно однесување
– Континуирано задишување
– Темно црвени непца
– Губење на свеста
За да му помогнете на вашето куче, избегнувајте да излегува во најжешките часови.
И вие и вашето куче треба да избегнувате излегување во најтоплиот дел од денот. Кучињата можат да ги изгорат шепите одејќи по врелиот асфалт.
Проверете го носот на кучето
Кучињата обично имаат малку влажен нос.
Сувиот нос може да биде знак за дехидрација, прегревање или изгореници од сонце.
Користете крема за сончање
Нанесете специјална крема за сончање за кучиња на чувствителните области како што се препоните, внатрешноста на ушите, дното на шепите и носот.
Овие делови од телото треба да бидат заштитени бидејќи се изложени на УВ зраци.
Мачки
Мачките исто така не можат да издржат многу долго на многу високи температури.
Еве ги симптомите на кои треба да внимавате кај мачките:
– Суви непца
– Густа плунка
– Лош апетит
– Ниско ниво на енергија
– Повраќање
– Дијареа
Одржувајте ја водата свежа
Секогаш оставајте свежа вода во садот и избегнувајте пластични чинии бидејќи тие можат да го променат вкусот на водата и храната и да испуштат штетни хемикалии.
Обезбедете им ладен простор
Замрзнете шише со вода, завиткајте го во крпа и ставете го онаму каде што вашата мачка го поминува поголемиот дел од своето време.
Исто така, создадете засенчени области во куќата или градината, така што вашата мачка ќе има место да избега од топлината.
Внимавајте на знаци на изгореници
Проверете ги местата како што се носот, внатрешните уши и шепите за знаци на изгореници – сувоста и пукањето се индикатори дека вашата мачка е премногу изложена на сонце.
Топлотниот удар е сериозна закана за здравјето на вашите миленици.
Препознавањето на симптомите и преземањето навремена акција може да им го спаси животот.
Секогаш бидете внимателни и давајте им соодветна грижа за да можат безбедно да ги преживеат летните горештини.