Никола Стојановски е момчето кое имаше најмногу среќа од скокачите во Соборниот храм „Свети Никола“, од сите пријавени.
Стојановски по седми пат учествува на оваа традиционална манифестација и најави дека и следната година повторно ќе се скока по светиот крст.
Очекувам здравје, среќа, пари и љубов. На другите им препорачувам да доаѓаат за да се продолжи оваа традиција – вели среќниот верник.
Од свештеништвото на подарок доби икона, додека од градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски златно синџирче, а според народните верувања Стојановски во текот на целата година ќе го следи здравје и среќа.
Loading...
[huge_it_gallery id=”290″]