Снежна бура го погоди јужниот дел на Соединетите Американски Држави, носејќи рекордни врнежи од дожд и мраз, а на некои места се забележани највисоките снежни врнежи во последните децении, објави ABC News.
Вчера 20 американски држави, од Тексас до Делавер, беа под предупредување за снег и мраз, а бурата продолжува да се шири кон југ.
Вонредна состојба е прогласена во Алабама, Арканзас, Џорџија, Тенеси и Тексас за да им се помогне на тие држави да се подготват и адекватно да одговорат на тешките временски услови.
Во некои области паднаа повеќе од 30 сантиметри снег.
На делови од Арканзас паднале 35 сантиметри снег, додека во градот Литл Рок 18 сантиметри, најмногу во последните четири години.
Оклахома и Тексас наврнаа 30 сантиметри снег, а во Оклахома Сити снежната маса достигна девет сантиметри, што е нов рекорд.
Во градот Амарило, Тексас, паднаа 24 сантиметри снег – најмногу во последните десет години.
Мисисипи забележа 18 сантиметри снег, а Алабама 15.
Во Мемфис паднаа околу 18 сантиметри снег, што е рекорд во последните 40 години, објавија медиумите.
Атланта досега забележа пет сантиметри снег, најмногу во последните седум години, а неколку заедници северно од Атланта забележаа и до 12 сантиметри.
Невремето остави десетици илјади корисници без струја низ југоисточниот дел на САД.
Од вчера попладне, повеќе од 3.000 летови беа откажани на национално ниво, а најголем број беа во Атланта, Шарлот, Далас и Нешвил.
Поради невремето вчера беа затворени и училиштата во Атланта и Мемфис.