Неверојатните својства на оцетот

Сподели со своите пријатели

Сите знаеме дека оцетот е полезен, но никој не е сосема сигурен за што. Еве список на ползите кои можеме да ги извлечиме од него:

Помага при битката со килограмите

Јапонските научници тврдат дека кај оние кои користат почесто оцет се натрупуваат  10% помалку поткожни маснотии. Оцетот го потиска натрупувањето на поткожни маснотии и неслучајно многу луѓе го започнуваат денот со лажица јаболков оцет наутро на гладно.

Го намалува нивото на шеќер во крвта

Кога ќе претерате со храна со висока концентрација на шеќери не пропуштајте и салата со соодветниот дресинг оцет. Според истражувањата лажица оцет го намалува шеќерот во крвта со цели 42%.

Го намалува заморот

Засилената физичка активност и стресот понекогаш се причина за натрупување на млечна киселина во телото,  што е причина да се чувствувате изтоштени. Интересен е фактот дека аминокиселините од јаболковиот оцет делуваат како противотров. Затоа следниот пат кога ќе се почуствувате уморни, испијте чаша топла вода со две лажици оцет во неа и ќе бидете многу пријатно изненадени.

При болки во грлото

Штом почуствувате дека грлото ве боли, доверете се на оцетот – убиец на микроби, кој ќе ја спречи инфекцијата пред да се разпространи. Докажано е дека повеќето микроби не издржуваат во кисела средина што оцетот ја создава. Можете да ја плакнете усната шуплина со разтвор од пола вода пола оцет.