Netflix повторно бележи раст на бројот на претплатници

Сподели со своите пријатели

Американската компанија за видео стриминг и продукција Нетфликс објави дека бројот на нејзини претплатници во вториот квартал од 2024 година се зголемил за 16,5 отсто на 278 милиони.

Loading...

Во вториот квартал од 2024 година, Нетфликс забележа квартален приход од 9,56 милијарди долари и добивка од 2,15 милијарди долари или 4,88 долари по акција, пренесува CNBC.

На овој начин, компанијата ги надмина очекувањата на Вол Стрит, кој очекуваше приходите на Нетфликс да бидат 9,53 милијарди долари, а заработката по акција од 4,74 долари.

Според извештаите, приходите на Нетфликс во вториот квартал на 2024 година се зголемиле за 17 отсто на годишно ниво, пред се поради зголемувањето на приходите од платени членства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Застрашувачка статистика: Само во 2023 година, на секои десет минути е убивана една жена

Според компанијата, за тоа придонесе стримингот на нивната најпопуларна содржина оваа година – мини-серијата „Baby Reindeer“ и третата сезона на серијата „Brigerton“.

На крилата на добрите квартални резултати, Нетфликс, исто така, ја зголеми својата перспектива за 2024 година и сега верува дека неговите приходи ќе пораснат за 14 до 15 проценти на годишно ниво оваа година, додека претходно очекуваше раст од 13 до 14 проценти.

Минатиот квартал, компанијата ги предупреди инвеститорите дека ќе престане да известува за квартални бројки за претплатници од 2025 година, бидејќи сака да се фокусира на бројките за приходите и оперативната маржа.