Хеликоптер на телевизиска екипа се урна додека известуваше за сообраќајка, тројца мртви (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Три лица загинаа, а уште две се повредени кога хеликоптер кој снимал за NBC Los Angeles се урна во Чатсворт, Лос Анџелес, додека известувал за сообраќајна несреќа во која претходно загинаа две лица, соопштија пожарникарите и NBC Los Angeles.

При падот на хеликоптерот, загинаа фоторепортерката Елијана Морено и пилотот Џорџ Марчинив, вработени во компанијата „Angel City Air“, која го управувала леталото, како и едно лице кое било на земја во моментот на падот, јавува NBC.

Хеликоптер се урна синоќа на паркингот на складиште за стока во Чатсворт, во долината Сан Фернандо, а по падот избувна пожар кој се прошири на паркираните возила во близина, објавија пожарникарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајван се подготвува за тајфунот Чампи, ветровите би можеле да достигнат брзина од 150 километри на час

Тие изјавија дека на местото на несреќата пронашле три мртви лица, додека две лица се пренесени во болница, а нивната здравствена состојба не е веднаш објавена.