Коронавирусот ја става во опасност и филмската индустрија, меѓу другото, бидејќи престанаа да се снимаат филмови, поради што многу режисери ги загубија своите работни места.
Нетфликс одлучи да помогне и да ја ублажи финансиската катастрофа што го зафати овој дел од индустријата.
Facebook се бори да испрати „невиден“ сообраќај
Многу филмски студија ги одложија снимањата на филмови и серии на неодредено време, за да се спречи ширењето на коронавирусот, поради што Нетфликс отвори фонд од 100 милиони американски долари за да им помогне на работниците во серија како „Stranger Things“, „The Witcher“ и „Russian Doll“.
Facebook и Instagram го намалија квалитетот на видео содржините
Фондот првично е наменет за оние работници на Нетфликс кои се најпогодени од кризата, а 15 милиони американски долари се наменети за продукции кои не се директно поврзани со услугата.