Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на продолжението на судењето за корупција изјави дека се соочува со „здравствени предизвици“.
Нетанјаху минатата недела не се појави на суд бидејќи беше во официјална посета на САД, а една недела пред тоа рочиштето беше одложено бидејќи еден од судиите имал грип.
На почетокот на денешното сослушување, пишува „Тајмс оф Израел“, Нетанјаху рече дека се соочува со „здравствени предизвици“ и дека му биле препишани силни дози на антибиотици.
Нетанјаху рече дека посетата на американскиот претседател Доналд Трамп е историска, но медицински бара и дека тој сега мора да зема 1.500 милиграми антибиотици дневно.
Судењето на израелскиот премиер започна во 2020 година и тој е обвинет за поткуп, измама и нарушување на довербата.
Нетанјаху се изјасни за невин по сите три точки од обвинението.