Нереална фотографија од Трамп и Зеленски од базиликата „Свети Петар“ каде имаа средба

Сподели со своите пријатели

Познато е дека американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретнале пред погребот на папата Франциск, но до овој момент не беше познато дали разговарале во базиликата „Свети Петар“.

Loading...

Сега пристигнаа фотографии кои прикажуваат надреална сцена – двајцата светски лидери седат на два стола во базиликата, свртени еден кон друг и разговараат.

„Претседателите се сретнаа во базиликата „Свети Петар“, а средбата траеше околу 15 минути“, соопшти кабинетот на Володимир Зеленски.

Според извештаите, Трамп и Зеленски се согласиле да продолжат со преговорите денес.

„Тимовите работат на организирање на следниот состанок“, додадоа тие во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто прстенот на папата се уништува по неговата смрт?

Белата куќа објави дека двајцата лидери имале „многу продуктивен разговор“, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат објавени подоцна.

Ова е прв пат тие да се сретнат по бурната средба во Овалната соба кон крајот на февруари, кога Зеленски беше критикуван затоа што не им се заблагодари на САД за помошта на Украина.

 

Loading...