Ако не сте алергични на оси, не ги убивајте и бидете внимателни ако одлучите да се борите со перници. Исто така, мора да им персирате на полицајците, и има одредено време кога не смеете да фрлате шишиња во канти за рециклирање.
Ако убиете оса, Германците можат строго да ве казнат, цената за такво дело се движи од 5.000 до до 65.000 евра, во зависност каде ќе го сторите делото.
Ќе ви прогледаат низ прсти ако сте алергични на оси. Иако убиството е забрането, казните речиси никогаш не се наплатуваат.
Возење велосипед под дејство на алкохол не е дозволено во Германија. Ако седнете на две тркала откако повеќе сте испиле, може да ја изгубите возачката дозвола, па дури и да мора да направите тест за психолошка проценка. Оние кои нема да го положат тестот, со години треба да докажуваат дека се ментално здрави, пред да си ја вратат возачката дозвола.
Ако одлучите да протестирате во Германија, не правете го тоа со маска на лицето бидејќи тоа е забрането со закон. Ако ве видат маскирани, полицајците би можеле да ве уапсат.
Перниците може да се сметаат за потенцијално или пасивно оружје – исто како панцир, кој се користи за самоодбрана. Затоа, ако се борите со перници во Германија, бидете нежни за да не ве обвини некој за напад.
Во Германија, секоја канцеларија мора да има прозорец за вработените да имаат доволно светлина. Ова е во согласност со правата на вработените на кои им е дозволено да работат само во безбедна средина.
Дали имате соседи кои дупчат и реновираат во недела? Па, во Германија, тоа е нелегално. Покрај тоа, забрането е фрлање шишиња во канти за рециклирање кога сакате – не се препорачува за време на празниците.
Според Thelocal.de, за оџачарите во Германија е полесно да влезат во куќата отколку за полицијата, бидејќи законот пропишува дека граѓаните не смеат да им го забранат пристапот.
Мора да ѝ персирате на полицијата во Германија. Непочитување на законот и редот, непристојните граѓани може да чинат и до 600 евра.