Неместо крпи, на плажа оставиле автомобил

Сподели со своите пријатели

И додека сите зборуваат дали треба или не треба да земете и да „резервирате“ места на плажа со крпи, еден посетител имал попаметно решение, а со автомобил резервирал место во „првиот ред“.

Loading...

Во Фејсбук групата „Дневна доза на просечен Далматинец“ се појави фотографија која многумина ги насмеа, но и налути некои.

Како што гледаме, некој паркирал автомобил на плажата, веднаш до морето. Претпоставуваме дека тоа се случило случајно и дека автомобилот всушност се заглавил во чакал.

Под фотографијата пишувало „Thirsty Passat“, а иако досега сме виделе вакви сцени, некој во коментарите под оваа фотографија сугерирал дека ова е можеби креативен метод за зачувување на место на плажа без да оставите пешкир.

„Па, забрането е да се оставаат крпи на плажа, но бесплатно е за автомобили“, напишал еден член од групата, додека друг се согласил: „Синоќа ја паркирал за да си го сочува местото на плажата“. ‘

„Паркирање во првиот ред покрај море“, „Една од ретките слики на Пасат како се обидува да дојде до вода“, „Не е проблем, важно е што синоќа беше романтично“, се само дел од духовитите коментари, но имаше и такви кои се налутија и беа децидни дека ова не е во ред и дека не треба да се паркираш на плажа.

 

Loading...