Нема причини за враќање на воениот рок, тврди министерката Петровска

Сподели со своите пријатели

Според министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во овој момент нема причини да се враќа задолжителниот воен рок во Македонија.

Loading...

Како што вели таа во интервју за МИА, една од причините е што нема зголемена безбедносна закана, а од друга страна тоа би барало поголеми финансиски средства.

– Кога зборуваме за можноста за враќање на воениот рок, треба да знаеме кои се последиците или предизвиците со кои би се соочувале како држава. Прво и првенствено немаме зголемена безбедносна закана за да го враќаме служењето на воен рок, но не само од аспект на закана, тоа ќе значи вложување на многу дополнителни финансиски средства, изјави Петровска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

Дополнителен проблем е што во случај на задолжителен воен рок, младите кои ќе станат полнотелтни, според Петровска, нема да можат да бидат активни на пазарот на трудот, ниту пак навремено да го продолжат своето образование.

Впрочем, вели таа, кој сака доброволно може да отслужи воен рок, но интересот додава, е премал.

– И сега нашиот закон препознава можност за доброволно служење. Интересот е многу мал, на едно пријавување дали има и петмина кандидати пријавени, посочува министерката.

Никола Ивановски