Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар конечно се премисли за напуштање на Париз и сака да остане во клубот, пренесува „Ле Паризиен“.
Loading...
Фудбалерот се надева дека ќе добие нов долгорочен договор од парижаните. Сепак, Французите сè уште не започнале преговори со фудбалерот за продолжување на договорот. Ова го вознемирува Бразилецот.
Актуелниот договор на Нејмар со ПСЖ трае до јуни 2022 година. Дваесет и осумгодишниот играч оваа сезона одигра три натпревари во Лига 1 постигна два гола и една асистенција.
Зоран Стерјовски