Нехамер отпатува во Москва за да разговара со Путин

Сподели со своите пријатели

Австрискиот канцелар Карл Нехамер утринава отпатува за Москва, каде што ќе биде првиот државник на ЕУ од почетокот на војната во Украина што ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

Нехамер најави дека, иако шансите се мали, тој сака да се заложи за прекин на војната во Украина во разговорите со Путин, пренесува Танјуг.

 

Зеленски: Русија собира десетици илјади војници за офанзивата

 

Претходно тој изјави дека иницијативата за средбата со Путин потекнува лично од него, а средбата ја договорил пред неговата посета на Украина.

Тој пренесе дека за тоа го информирал и претседателот на Украина, Володимир Зеленски и дека се е усогласено со раководството на ЕУ.

По средбата со Путин, како што најави, нема да има заеднички прес-конференции.

Loading...

 

Русија: Го уништивме противвоздушниот систем кој дојде од Европа

 

Путин нема да го прими Нехамер во Кремљ, туку разговорот, кој е закажан за попладне, ќе се одржи во неговата резиденција во Москва.

Бил договорен разговор лице в лице, а не било планирано видео, туку само една фотографија од средбата.

Нехамер смета дека неутралноста на Австрија може да се искористи за да се поттикне дијалог меѓу Украина и Русија со цел да се стави крај на војната.

 

Започнува истрагата за воени злосторства: Француски истражители пристигнаа во Украина

Loading...

 

Според него, не е доволна само „телефонска дипломатија“, туку се потребни и директни разговори.

Тој посочи дека војната на Русија против Украина е целосно неприфатлива за Австрија.

Нехамер потсети дека Австрија ги поддржува санкциите на ЕУ и дека ќе има дополнителни мерки додека не заврши војната.