Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен, односно североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 33.

 

Loading...

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево до умерено облачно време во претпладневните часови. Попладне ќе има услови за развој на локална нестабилност проследена со грмежи и врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 31 степен целзиусов.

Среда носи слично, но малку посвежно време. Претпладне ќе имаме променливо облачно време со сонце, а попладне нестабилност со дожд и грмежи. Температурата ќе се движи во интервал од 16 степени во утринските часови до максимални 26 во текот на денот.

Четврток носи разведрување и ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, а максималната дневна ќе достигне до 28 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Сончево до умерено облачно време ќе имаме и во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Температурата ќе се движи од 12 степени во утринските часови до максимални 28 во текот на денот.

Облачно време со дожд и електрични празнења ќе имаме на почетокот на викендот што претстои, односно во сабота. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне само 26 степени.

Веќе во недела нестабилност ќе престане и ќе имаме сончево до умерено облачно време. ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 13 степени во утринските часови до максимални 25 степени во попладневните.

 

 

Следната работна недела ќе се задржи сончево и суво време со благ пораст на дневните температури.

Никола Ивановски

Loading...