Неделна прогноза за Куманово: Скоро цела седмица дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде поменливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд претежно во западните делови.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе достигне од 18 до 26 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, додека максималната дневна ќе достигне 18 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно облачно време со услови за дожд и слаб до умерен ветер од југозапад. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 12 степеи, додека максималната дневна се очекува да достигне 21 степен целзиусов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ученици од Куманово со висок пласман на државниот натпревар во пливање (ФОТО)

Облачно со врнежи од дожд ќе биде времето во среда. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе биде во интервал од минимални 12 до максимални 20 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме повторно облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 21 степен целзиусов.

 

Loading...

 

И во петок ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 11 до максимални 21 степен целзиусов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МВР ќе гони осум лица и две фирми за сообраќајката во која загинаа татко и син

Во сабота ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од север. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, а максималната дневна ќе достигне 23 степени целзиусови.

Сончево време ќе имаме и во недела. Ќе дува слаб од умерен ветер од северозапад, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 23 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Претежно сончево време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски