Неделна прогноза за Куманово: Подгответе се за температурен шок!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Попладне ќе има локална нестабилност сопороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќедостигне од 34 до 40 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време во претпладневните часови со услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи попладне.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен правец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СВР Куманово апелира: Без пукање на веселби и почитување на јавниот ред и мир

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 18 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 34 степени целзиусови.

Останува на сила жолто метео предупредување за опасност од високите температури.

 

 

Утре низ куманвско ќе имаме исто така сончево и топло претпладне со грмотевици и дожд во попладневните часови. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен и североисточен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени додека максималната дневна се очекува да се искачи до 32 степени целзиусови.

Среда носи освежување. Ќе имаме сончево време, но со драстичен пад на температурите. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина од скоро 60 километери на час. Минималната температура ќе се спушти до 11 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне само до 25 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Редок археолошки наод кај Младо Нагоричане открива ритуали стари над 2.300 години

Во четврток ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 13 до максимални 28 степени целзиусови. Во текот на ноќта кон петок ќе има услови за дожд.

 

 

Во петок ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 11 степени, а максималната дневна ќе достигне само 18 степени целзиусови.

Претежно сончево време со услови за мала облачност ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен  и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а максимумот ќе достигне 26 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца уапсени по тепачка во Куманово

Сончево и многу топло време не очекува во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални 31 степен целзиусов.

 

 

Променливо време со температури околу 30 степени ќе се задржи во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски