28 сигнални пиштоли пронајдени во Куманово, приведен 63-годишник

Сподели со своите пријатели

Оружје за светлосно – звучна сигнализација вчера било пронајдено во дом на 63-годишен кумановец, кој потоа бил приведен.

– На 20.10.2026 во 14:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Љ.М.(63) од Куманово. При акциска контрола, спроведена согласно претходно изготвен план за реализација, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и Одделот за граѓански работи при МВР, во деловен простор кај Љ.М. биле пронајдени 28 пиштоли за светлосно – звучна сигнализацијаза кои не поседувал дозвола, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги повика граѓаните со свои идеи да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

Никола Ивановски