Не отворајте смс пораки и не споделувајте лични податоци кон ujp.mk

Сподели со своите пријатели

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека вчера и денес непознат испраќач користејќи го логото на УЈП преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички.

Loading...

Пораките се испраќани од телефонскиот број +38979212628 со следната содржина “Извршете ја задолжителната пријава на УЈП https://ujp.mk/verifikacija”.

Овој линк е лажен, и не води кон електронска адреса на Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи апелира ДА НЕ СЕ ОТВАРААТ ОВИЕ СМС ПОРАКИ И ДА НЕ СЕ ОТВАРА ЛИНКОТ, а доколку некој го отворил линкот да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните затоа што истите можат да бидат злоупотребени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери

Управата за јавни приходи ги презема сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.