Триесет и деветгодишниот Џереми Питерсон пред шест месеци одлучил да го промени начинот на својот живот за да биде подобар татко и сопруг.
Неговата упорност и напорната работа веќе ги дале посакуваните неверојатни резултати, а неговото семејство не може да се навикне на „новиот“ Џереми.
Loading...
Во август минатата година, трговецот со антиквитети Џереми Питерсон од Монтана тргнал на кампување со своите деца.
– Наместо да имам убави сеќавања на излетот, јас само се сеќавам дека постојано губев здви и дека постојано морав да ги застанувам децата за да правиме паузи, се присетува Џереми.
Комбинирајќи стриктна кето диета и интензивни редовни вежби, ја започнал својата трансформација.
– Не плашете се. Немојте да се криете од нив. Погледнете го својот дебел стомак и задник и изберете кој ќе победи, вели американскиот трговец.
Loading...
За време од шест месеци, минувал два часа дневно шетајќи и еден час во теретана. Изгубил 4о килограми. Единствена маана е што морал да купува нова облека. Сега носи панталони со број 33, а носел 42.
– Откако почнав да внимавам што јадам и започнав да вежбам се започна да се менува. Се чувствувам одлично, косата и кожата ми изгледаат поздраво. Кончено ми се гледа виличната коска, а не дебелите образи, вели Џереми.
Додава дека на големата животна промена најмногу го мотивирале децата, но и здравствените проблеми.