Американската вселенска агенција НАСА наскоро ќе испрати беспилотно летало „Драгонфлај“ на мисија за истражување на најголемиот сателит на Сатурн, Тан.
Целта на оваа мисија е истражување на повеќе локации погодни за животен простори.
НАСА: Месечината се намалува и има потреси
Од НАСА велат дека двојниот квадкоптер ќе лета од локација на локација преку Титан, сателит со услови слични на оние на Земјата пред четири милијарди години.
Доколку мисијата биде успешна, би можела да помогне во откривање како настанал животот на нашата планета. Ваквите откритија можат да понудат вреден увид во потрагата за живот во вселената.
Мисијата има за цел да сфати како хемијата го отстапила местото на биологијата.
НАСА ќе ви плати 19.000 долари ако два месеци лежите во кревет
Научниците одамна сметале дека сателитот Титан е атрактивно место за проучување. Многумина мислат дека тој би можел да го поддржи животот на микроогрганизмите.
На пејсажот на Титан доминираат пештерски дини и водни патишта составени од јаглеводород, течен метан и етан. Неговата површина е составена од воден мраз, замрзнат како тврда карпка. Под кората се сокрива резервоар течна вода за која астрофизичарите сметаат дека има иста температура како и плитката вода во Тихиот океан.
НАСА е „на добар пат“ да открие живот надвор од Земјата
Титан органски се состои од комплексни молекули, кои можат да бидат, во најмала рака, закана за вонземската биологија. Затоа Титан одамна е предмет на фасцинација на астрофизичарите.
Image by WikiImages from Pixabay