НАСА најави историско научно откритие за Марс

Сподели со своите пријатели

Америакнската вселенска агенција НАСА се подготвува за „големо научно откритие“ за Марс, соопштија од агенцијата и најавија вонредна конференција за новинарите.

Loading...

Конференцијата ќе се одржи во понеделник попладне.

Откако НАСА ја објави оваа вест, интернетот го преплавија шпекулации за тоа што всушност е пронајдено на оваа планета. Додека има оние кои веруваат дека конечно е најде доказ за постоењето живот на Марс, сепак преовладува мислењето дека не станува збор за нешто многу радикално.

Само за потсетување, во јули НАСА направи нешто слично: најви конференција на која беше објавено дека е пронајдена „планета близначка“ на Земјата, Келпер 452б, небесно тело кое досега е најслично на нашата планета.