НАСА го објави планот за спуштање на првата жена на Месечината

Сподели со своите пријатели

НАСА го објави планот „Артемида“ за испраќање на првата жена на Месечината во 2024 година, објави Би-Би-Си.

Loading...

Станува збор за програмата „Артемида“, која ќе испрати двајца астронаути на Месечината – за прв пат од 1972 година.

Ќе се упати кон Месечината во капсулата „Орион“ што потсетува на „Аполо“, а до вселената ќе стигне со помош на моќна ракета „СНЛ“.

Така, сè оди во насока на постигнување на мисијата што беше најавена во јули 2019 година, а по тој повод, меѓу другото, можеше да се слушне дека првата жена, високо квалификуван астронаут за таа мисија, ќе слета на Месечината.

Сè уште не е познато за кој астронаут станува збор, бидејќи „НАСА“ во моментов има седумнаесет.

„Артемида“ ќе биде првата мисија во која луѓето ќе пристигнат на Месечината откако „Аполо 17“ слета на ова небесно тело пред 48 години.

Ова патување на Месечината ќе чини 28 милијарди долари, а мисијата е планирана за 2024 година, објави „НАСА“.

Leave a Reply