Еве ги народните верувања за животните кај нашите народи!
Кога црна мачка ќе ви го пресече патот, тоа е лоша среќа, тоа е едно од верувања што секако нема никаква врска со реалноста. Но, дознајте и за некои помалку познати.
НАРОДНИ ВЕРУВАЊА: Што би требало да направите ако сакате да имате убав маж?
Кога куче ќе ви дојде на пресрет по пат, успешно ќе ја завршите работата.
Ако слушнете кукавица, и имате пари со вас, тогаш ќе ги имате цела година. Ако ги немате со вас, нема ни да ги добиете таа година.
Ако гавран или повеќе од нив летаат над вашата глава и викаат, пазете се од несреќи.
Гласот на був сугерира болест. Ако седне на твојата куќа, некој од куќата ќе биде болен.
Таму каде бувовите пеат, богатството е закопано. Ако сакате да го ископате, за време на копањето не треба да зборувате.
НАРОДНИ ВЕРУВАЊА: Ако видите змија во вашиот двор немој да ја убиете
Кога ќе видите штрк како тивко седи или стои на покривот од вашата куќа, мирот и среќата ќе се вселат во вашата куќа.
Кога ќе го слушнете штркот, ќе имате штета во куќата.
Оној на кого паѓа гасеницата ќе биде лут на своите блиски.
Ако сретнете кафеав коњ, ќе видите драга личност тој ден. Ако сретнете бел коњ, ќе дадете пари.
Ако се внесат пердуви од паун во куќата, ќе има штети и раздор во куќата.
Народни верувања поврзани со март
Да се види пајак наутро значи несреќа и грижи. Да го видите околу пладне значи дека сè лесно ќе се реши, а ако го видите навечер е среќа.
Кога пајак ќе падне врз вас од воздух, ќе добиете добри вести.
Глувците што живеат во рудници и тунели не смеат да бидат убиени. Со нивното бегство, тие укажуваат на несреќа.
Кога петел кукурика пред вратата на куќата, ќе дојдат гости.
Кога ластовичката ќе направи гнездо под покривот на куќата, во тој дом ќе влезе мир.