Напади на украинските сили на регионот Белгород – едно лице загина

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа едно лице загина во гранатирање на Украина во Белгородската област, а 14 се повредени, објави денеска регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на својот канал на Телеграм.

Loading...

Вчера имавме 40 напади со беспилотни летала, осум гранатирања, 10 станбени згради, 19 приватни куќи, 52 приватни автомобили, а што е најлошо, 14 лица беа ранети, а едно лице загина“, изјави Гладков, пренесува Тас.

Тој додаде дека во такви „тешки услови“ одлуката на претседателот Владимир Путин да додели 6.500 места во пансиони и санаториуми за жителите на регионот е „исклучително важна“.

Според Гладков, 1.400 жители на Белгородската област веќе се преселени низ целата земја, вклучувајќи ги и популарните одморалишта како Туапсе, Анапа, Тулската област и Крим.