Електраната Балаклава во Севастопол синоќа била нападната со дрон, изјави градоначалникот Михаил Развозаев, пренесува АФП.
– Еден од трансформаторите на кој му беше извршено превентивно одржување се запали и не работеше. До доаѓањето на Министерството за вонредни состојби, на станицата немало отворен оган. Работниците на ТЕ брзо ставија крај на пожарот – напиша Развозаев на својот Телеграм канал.
Тој прецизираше дека опремата е минимално оштетена и дека нема повредени.
Како што наведе, нападот не ја нарушил работата на термоцентралата, снабдувањето со електрична енергија во градот функционира нормално и нема никаква закана.
Развозајев рече дека однапред преземените безбедносни мерки овозможиле да се избегнат сериозни штети.
– Дронот беше исфрлен од патот и не стигна до целта – напиша градоначалникот.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.