Најсвирепите убиства во Куманово во 60ите години на минатиот век (ДЕЛ 1)

Сподели со своите пријатели

Во текот на шеесеттите години на минатиот век во Куманово и околината биле извршени низа грозоморни убиства. За нив податоци најдовме во богатата архива на некогашниот „Наш весник“ и дел од нив ви ги пренесувам сега, шест децении подоцна.

Loading...

За делод нив навистина треба да имате „силен желудник“, затоа напоменуваме дека овој текст може да биде вознемирувачки за дел од публиката.

 

 

Го убил брата си, па наместил да изгледа како несреќа

На втори мај 1962 година во селото Довезенце, кумановско, извршено е грозно убиство. Дваесет и седумгодишниот Китан Крстевски го убил со стап својот пет години постар брат Радивој.

По смртта на својот татко браќата Китан и Радивое Крстевски од Довезенце не можеле да се сложат, па го разделиле имотот и започнале да живеат одделно. Меѓутоа, караници имало и понатаму.

Loading...

Еден ден Китан отишол на собор во соседното село Мургаш. Кога се вратил, забележал дека катанецот од неговата куќа е изгребан и дека некој се обидувал да го отвори. Како во тој момент во дворот се нашол неговиот брат Радивиое, тој на него се нафрлил со обвинение дека тој го дирал катанецот. Ништо не помогнало правдањето на Радивое.

Истата вечер Китан донесува одлука да го убие својот брат. Му се укажува прилика на 2 мај 1962 година. Тој ден неговиот брат Радивое отушол во една комшиска куќа. Таму се задржал до доцна вечер.

При враќањето Китан го пречекува и му се обраќа со зборовите: – „Кој го отвора мојот катанец?“.

Радивое му рекол дека не знае ништо, па, без да му обрне внимание си продолжил накај дома. Во еден момент Китан го удрил со брестов стап, што однапред го подготвил. Радивое паднал, но уште бил жив и се обидел да стане. Тогаш брат му Китан го урдил уште неколку пати по главата од што останал мртов.

Откако видел дека сторил злочин, Китан се обидел да го прикрие. Трупот на својот брат го однел во клозет, го поставил како да врши нужда, а потоа врз него го урнал ѕидот од клозетот и си отишол дома.

Неговата жена забележала дека по облеката и по телото има крв. Тој ѝ признал дека го отепал брата си. Веднаш одлучиле да го прикријат злочинот.

Утредента Китан се распрашувал кај жената на својот брат каде е Радивое и, како случајно, го открил лешот во клозетот. Притоа говорел дека Радивое настрадал од урнатиот клозет…

Меѓутоа, иследниците лесно ги откриле крвавите траги на облеката на Китан, по што тој го признал делото.

Loading...

 

 

Убиство поради крвна одмазда

На 19 август 1962 година во Куманово било извршено убиството над Сакиповски Шукрија, стар 25 години и татко на три малолетни деца. Убиецот бил триесетгодишниот Салиевски Џеладин.

Тој го сочекал во една темна улица и со кама му нанел околу 20 убоди во предниот предел на градниот кош и на грбот.

Мотив за оваа убиство била крвна одмазда. Во 1961 година, татко му и брат му на убиениот го убиле со нож братот на убиецот.

По извршеното дело Џеладин дошол дома, им кажал на домашните дека го убил Шукрија, се измил и се пријавил на органите на Народната милиција.

Loading...

Убиецот подоцна е осуден на 15 години строг затвор.

 

 

Татко и син мачеле па убиле полјак

Шукри Шакировски и неговиот син Шериф Шерифовски во октомври 1962 година го убиле полјакот Аритон Трајковски додека си ја вршел својата должност во месноста „Стари лозја“.

Loading...

Причините не се познати, освен дека таткото и синот најсвирепо и нечовечки го мачеле, а подоцна и убиле Трајковски.

За стореното кривично дело Шукри бил осуден на 8, а неговиот син Шериф на 15 години строг затвор.

 

 

Loading...

 

Си ги убил сопствените новороденчиња

Трајан Ризов од село Борово, кривопалачнечко извршил брутално убиство над своите две деца.

Ноќта помеѓу 30 и 31 јануари 1963 година неговата другарка Елица родила две машки деца. Бидејќи обвинетиот не сакал повеќе да има деца, решил да ги лиши од животот. Тоа го сторил непосредно по нивното раѓање, на тој начин што со рацете им ги затнал устата и носот.

Обвинетито Трајан на претресот се бранел дека убиството го извршил заради тоа што имал четири живи деца и заради слабата материјална положба.

Loading...

Ваквата неоснована одбрана судот во Куманово ја отфрлил и го осудиле Ризов на три години строг затвор.

 

 

Му ја изорал нивата, па го убил со вила

При орањето на својата нива во селото Ругинце, поточно месноста „Куќиште“, Стојан Спасовски во во 1963 година го зафатил и патот по кој Стојан Павловски од истото село, го водел својот добиток.

Loading...

Заради ова помеѓу двајцата соселани настанала голема караница во која Стојан Спасовски со дрвена вила, што ја носел во рацете, го удрил силно по главата така што павловски утредента починал во Кумановската болница.

За ова убиство Стојан Спасовски бил осуден на 12 години строг затвор.

 

 

Loading...

Со 15 убодни рани го убила свекорот

Јулијана Ристовска од порано не била во добри односи со својот свекор Ѓорѓи Ристовски. Тој во последно време, започнал да го продава својот имот заради што помеѓу Јулијана и свекорот  доаѓало до чести караници. За да се ослободи од својот свекор кај неа се јавила желбата за убиство.

При една средба надвор од селото. Јулијана со својот свекор започнала остра караница. И како нејзината силна физичка состојба и дозволувала, таа првин го изнателапа истиот со тешки удари по главата.

Цврство решена до крај да ја ја спроведе својата одлука, таа се послужила со нож, кој испаднал од џебот на Ѓорѓи и со истиот му нанела 14 убоди, исто така по главата. Од ударите настапила моментална смрт.

За убиството добила пет години и шест месеци затворска казна, поради фактот дека била мајка на 5 деца.

Извор: „Наш весник“

Leave a Reply