Најстариот тату мајстор има 103 години: За нејзините тетоважи се пешачи низ џунгла (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ванг Од Огеј има 103 години, но таа сепак успешно ги тетовира сите оние кои сакаат да имаат автентична тетоважа.

Loading...

Како што вели таа, успеала да го зачува мамбабаток, античка традиција на тетовирање.

Уметност или помодарство? Тетовирањето низ историјата

Таа е првата жена на Филипините што ги тетовирала луѓето на овој начин. Ван ги тетовира луѓето со дрвен јаглен, вода и дрво. Средбата со неа е посебно искуство и вистинска авантура е да стигнете до местото каде што се наоѓа таа – само 15 часа од Манила, потоа багаж на грб и два километри одење пеш низ џунглата.

Кога конечно ќе пристигнете, ќе бидете пречекани од една шармантна баба која користи само јаглен, вода, малку трн од дрвото и бамбус стап за да тетовира неколку луѓе на ден.

Ванг Од Огеј вели дека поединците се откажуваат од тетовирањето бидејќи не можеле да ја издржат болката во текот на овој процес.

Нов тренд: Тетовирање на очните јаболка (видео)

– Еднаш дури и ми се случи човек да се измоча од болка – рече таа во едно од интервјуата.

Loading...

Денес, племињата во провинцијата Калинга не посегнуваат по оружје, но сепак ја одржуваат традицијата на тетовирање.

Оваа уметност традиционално се пренесува само на роднините во крвта, а Ванг нема деца. Сепак, таа е убедена дека нејзиниот занает нема да изумре.

УСПОРЕНА СНИМКА: Што се случува со вашето тело додека се тетовирате? (ВИДЕО)

 

Leave a Reply