Во Куманово наврнало најмногу дожд во изминатото деноноќие, вкупно 26 литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска, како што посочува УХМР, ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне.
Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м 2 ), појава на грмежи и засилен ветер.
Дневната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 15 степени целзиусови.
Врнежи од дожд ќе има и во текот на утрешниот ден, кои во ноќта кон понеделник се очекува да престануваат.
Сепак од понеделник повторно се очекува нов бран врнежи.
Никола Ивановски