Најмалку 300 мигранти од Сенегал исчезнаа во Атлантскиот Океан

Сподели со своите пријатели

Три чамци со повеќе од 300 мигранти исчезнаа во Атлантскиот Океан, соопшти хуманитарната група за мигранти „Walking Borders“, пренесува Анадолија.

Loading...

Хелена Малено, портпаролка на групата, изјави дека бродовите со мигрантите заминале пред 15 дена од Сенегал за шпанските Канарски острови.

Малено рече дека на еден од бродовите имало околу 200 мигранти, на вториот околу 65 и на третиот 60.

Бродовите наводно тргнале од крајбрежното село Кафунтин во јужен Сенегал.

Смртоносен пат

Мигрантската рута од брегот на Северна Африка до Канарските острови е интензивна веќе неколку години, особено во лето.

Најмалку 559 мигранти загинале обидувајќи се да стигнат до Канарските острови во 2022 година, меѓу кои 22 деца, според Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации (ИОМ).

Од „Walking Borders“, пак, објавија дека минатата година на оваа рута животот го загубиле 1.784 мигранти.