Најмалку 26 лица загинаа во пожарите што ги зафатија шумите во источен Алжир, според привремениот извештај на министерот за внатрешни работи Камел Бељуд.
Loading...
Според извештаите, повеќето од жртвите биле пријавени во регионот Ел Тарф во близина на северната граница со Тунис, каде биле пронајдени телата на 24 лица, пренесува Танјуг.
Бељуд во телевизиско обраќање рече дека две лица загинале во регионот Сетиф, на околу 300 километри источно од главниот град Алжир.
Тој додаде дека само во средата избувнале 39 пожари во 14 региони и дека од почетокот на август од пожар опустошиле 3.200 хектари шуми и ниска вегетација.
Минатата година во пожарите во Алжир загинаа 104 лица, од кои 33 војници.