Во пожар и експлозија на бензинска пумпа во јужниот руски регион Дагестан загинаа најмалку 25 лица, меѓу кои три деца, а десетици беа повредени, јави новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на регионалните здравствени власти.
Пожар избувнал во работилница за поправка на автомобили на автопат во главниот град на Дагестан, Махачкала, лоциран на Каспиското Море, во понеделникот вечерта и предизвика експлозии кои се проширија на блиската бензинска пумпа, соопштија претходно во вторникот официјални лица.
„Тука е како војна“, изјави сведок за новинската агенција Ројтерс.
Бројот на повредени се искачи на околу 66, од кои десет се во критична состојба, јави новинската агенција РИА, повикувајќи се на рускиот заменик министер за здравство Владимир Фисенко.
Тринаесет од ранетите се деца, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на Министерството за здравство на Дагестан.
Авион е испратен во Махачкала за да ги евакуира тешко повредените во Москва, објави руското Министерство за вонредни ситуации на апликацијата за пораки Телеграм.
Експлозијата се случила во понеделникот вечерта во 21:40 часот по локално време, изјави на Телеграм Сергеј Меликов, шеф на администрацијата на Дагестан.
„Ги истражуваме причините за експлозијата“, додаде тој.
На пожарникарите им биле потребни повеќе од три и пол часа да го изгаснат пожарот, јави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на соопштение на руската служба за итни случаи.
27 people died and 102 were injured as a result of the explosion in #Makhachkala, stated the head of #Dagestan Sergey Melikov. pic.twitter.com/tuVLOOOl09
— NEXTA (@nexta_tv) August 15, 2023