Најмалку 1,4 милиони девојчиња немаат пристап до образование откако Талибанците ја презедоа власта

Сподели со своите пријатели

УНЕСКО соопшти дека тригодишното владеење на Талибанците го спречило пристапот до средно образование за 1,4 милиони девојчиња, бришејќи го дведеценискиот постојан образовен напредок во Авганистан.

Loading...

Во меѓувреме се поголемата стапката на напуштање на ниво на основно училиште се зголемува и се заканува да го зголеми детскиот труд и бракови во земјата.

На најмалку 1,4 милиони девојчиња во Авганистан им е забранет пристапот до средно образование откако Талибанците се вратија на власт во 2021 година, а иднината на цела генерација сега е „загрозена“, соопшти Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) во четврток.

– УНЕСКО изразува загриженост за штетните последици од оваа се помасовна стапка на напуштање на училиштето, што може да доведе до зголемување на детскиот труд и раните бракови – наведува агенцијата, пренесува АФП.

Тие нагласуваат дека за само три години, де факто властите речиси избришале две децении постојан напредок во образованието во Авганистан, а иднината на цела генерација сега е загрозена.

Во моментов, речиси 2,5 милиони девојчиња се лишени од правото на образование, што претставува 80 отсто од авганистанските девојчиња на училишна возраст, објави агенцијата на ОН.

Талибанската администрација, која не е призната од ниту една друга земја, воведе ограничувања за жените кои ОН ги опишаа како „родов апартхејд“.

Авганистан е единствената земја во светот која ги спречува девојките и жените да посетуваат средни училишта и универзитети.

Loading...