Бројот на жртвите од тајфунот во Јапонија се искачи на девет

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати од тајфунот Дјуан, кој на почетокот на неделава донесе обилни дождови во поширокото подрачје на Токио, се искачи на девет, објавија во средата јапонските медиуми.

Спасувачите продолжуваат со потрагата по четири лица кои се водат за исчезнати во соседните префектури Чиба и Канагава, објави новинската агенција Кјодо, повикувајќи се на локалните власти.

Четири смртни случаи првично беа пријавени во вторникот.

Оттогаш, 25-тиот тајфун во сезоната се пресели низ Пацификот, откако предизвика особено голема штета во Чиба преку лизгање на земјиштето и поплави.

Регионот беше погоден и од обилни дождови и поплави во август и почетокот на септември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп изнесе низа неточни и погрешни тврдења пред Генералното собрание на ОН