Повеќе од 85 проценти од Французите оцениле дека церемонијата на отворањето на Олимписките игри (ОИ) во Париз била „успешна“, а речиси 80 проценти се „оптимисти“ дека целата ОИ ќе биде успешна, покажува истражувањето на Harris Interactive, чии резултати ги објави Францускиот организациски комитет на игрите.
Според тоа онлајн истражување спроведено на 27 јули меѓу примерок од 1.488 возрасни лица, 44 отсто од Французите сметаат дека церемонијата на Сена е „многу успешна“, а 42 отсто „прилично успешна“.
Само пет отсто од испитаниците ја оценија церемонијата како „воопшто не успешна“.
Точно 77 проценти имаат „многу позитивна“ или „прилично позитивна“ слика за Олимписките игри, додека 83 проценти го оцениле како добра работа што церемонијата се одржала на Сена.
Околу 79 отсто изразиле оптимизам за успехот на ОИ, додека 21 отсто се песимисти.
Олимпијадата започна на 26 јули со спектакуларно отворање на брегот на Сена во Париз, а ќе трае до 11 август.