Над 240 лажни дојави за бомби примиле училиштата низ целата држава,информираше денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев.
Тој посочи дека било контантирано и со Интерпол и Европол, но и со Хрватска и Унгарија кои изминатите денови беа мета на исти хибридни напади.
– Училиштата од денеска ќе добијат јасни инструкции што понатаму ќе се прави во иднина доколку се сторат ваквите настани. Директорите на училиштата постапија согласно протоколите. Македонската полиција и сите агенции за спроведување на законот покажаа јасна и одлучна борба против сите видови на криминал. Немаме дојава за криминал, каде што не сме одговориле или постапиле. Фокусот е да ги обезбедиме граѓаните од безбедносен аспект, но и од криминалот. Сите денешни дојави беа лажни, рече Јанев.
Никола Ивановски