Над 1.700 лица вакцинирани против сезонски грип во Куманово

Сподели со своите пријатели

Над 1.700 лица се вакцинирани против сезонски грип во Центарот за јавно здравје Куманово, соопштија денеска надлежните. Пациентите претходно се пријавиле преку „Мој термин“.

Loading...

Пациентите претходно се пријавиле преку „Мој термин”. Според податоците на Центарот, станува збор за хронично болни и лица со кардиоваскуларни заболувања и дијабетес, категории граѓани кои речиси секоја година се вакцинираат против сезонски грип.

– Вакцинацијата течеше во најдобар ред, имаше голем интерес, меѓутоа пациентите укажаа дека имаат мал проблем со закажувањето преку „Мој термин”, односно во читањето на пораките, така што ние ги проверуваме по нашите списоци и се јавуваме на пациентите да не го пропуштат својот термин. Центарот за јавно здравје, исто така, набави и 400 дози комерцијални вакцини, од кои веќе имаме дадено 250, наменети за оние лица коишто не ги исполнуваат условите преку „Мој термин” да се вакцинираат бесплатно. Сè уште располагаме со 150 дози на комерцијални вакцини, изјави д-р Јадранка Стаменковска, началник на епидемиолошкото одделение од Центарот за јавно здравје – Куманово.

Завршена е вакцинацијата на 66 лица згрижени во Домот за стари лица „Зафир Сајто”, а во тек е и вакцинацијата на здравствените работници. Преку „Мој термин” се пријавени 70 здравствени работници.

МИА