Преживеал пукање благодарение на мобилниот телефон

Сподели со своите пријатели

Тајландски полицаец се нашол во вооружена пресметка во ресторан, а останал жив само поради сплет на околностите.

Имено, полицаецот вечерал во ресторанот кога дошло до пукањето. Откако започнале да летаат куршумите, службеникот се скрил под масата. Меѓутоа, еден куршум го погодил во раката, а вториот во бутот. Куршумот кој го погодил во горниот дел на бутот бил сопрен од мобилниот телефон кој бил во неговиот џеб.

Рендгенска снимка која ги остави лекарите шокирани! (видео)

– Четириесет и двегодишниот маж во гнев го извади пиштолот и неколку пати пукаше во мене. Се обидев да се одбранам, меѓутоа, еден од неговите куршуми ме погоди во рака, а вториот во горниот дел на бутината. Куршумот удри во мојот „ајфон“ и сигурно ми го спаси животот. Во болницата лекарите ја следат мојата состојба, рекол полицаецот Поварет.

Неговиот колега успеал да рани еден од напаѓачите. Пресметката се случила во патаја, популарно летувалиште одалечено околу 150 километри од Банкок.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *