Набавена опрема за кајакарење, алпинизам и велосипедизам во Бислимската клисура (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Станува збор за проект за уредување и валоризација на спортско рекреативен еко-центар Бислим, кој го спроведува ЛАК Абер од Куманово заедно со општината и Министерството за локална самоуправа, а со финансиска поддршка на Амбасадата на Швајцарија.

Loading...

 

 

Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, со осумте милиони денари од Швајцарија набавена е различна спортска опрема која треба да допринесе за туристичкиот развој на Бислимската клисура.

– Нашата цел како општина е да го искористиме капацитетот на Бислимската клисура за дополнителен развој на туризмот не само во Општина Куманово, туку и во регионот. Имаме намера како општина и регион да дадеме поддршка на сите ентузијасти кои сакаат да го развиваат туризмот во нашата општина на еден ваков начин, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Преку проектот набавени се 15 кајаци кои можат да ги користат и лица со посебни потреби, а со цел да се развива кајакарството во Бислимската клисура. Дополнително набавени се осум велосипеди, шест електрични велосипеди и два четирицикли.

 

 

Целта, вели министерот Горан Милевски, е со набавената опрема да се потикне развојот на велосипедизмо, авантуристички туризам, алпинизам и кајакарење.

– Практично ќе стимулира и нови инвестиции во селото Пчиња и пошироко бидејќи очекуваме туристи не само од нашата држава, туку и од странство бидејќи ја зголемуваме понудата за авантуристички туризам, со тоа што го реновиравме и ставаме во функција овој еко центар Бислим кој практично бил неискористен потенцијал на нашата држава, рече Милевски.

 

Loading...

 

Амбасадорката на Швајцарија во земјава, Сибил Зутер вели дека за пет години колку е во Македонија досега нема видено ваква убавина.

– Овие бои, планини, карпи, реката, ваква убавина досега немам видено во земјата, а тоа можам да го кажам по пет години присуство во истата. Како претставник на Швајцарија сум горда што сум дел од оваа партнерство и навистина сум горда и драго ми е што можевме да допринесеме да се развива оваа дестинација, рече амбасадорката.

 

 

Во рамките на посетата на локацијата градоначалникот Димитриевски се искачуваше по карпите на Бислим, додека пак амбасадорката најави дека ќе се испроба во велосипедизам.

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *