Над два милиони луѓе се јавиле на конкурс за слабо платени работни позиции во владата на индиската држава Утар Прадеш.
Loading...
За 368 работни места, од курири до приготвувачи на чај се јавиле 2,3 милиони луѓе, меѓу кои имало и луѓе со докторати и магистратури.
Големиот број на пријавени го отсликува енормниот број на невработеност во најголемата индиска сојузна држава.
Службеникот Прабхат Митал вели дека владата ќе организира писмен испит за да ги разгледа пријавите, бидејќи разговорите со сите нив би траеле четири години.
Работата се плаќа околу 16.000 рупии или некаде околу 240 долари, а услов е барем основно образование.