На веб страната на Влада на РМ ги нема Спасовски и Ременски

Сподели со своите пријатели

Иако од назначувањето на новите министри Олевер Спасовски и Фросина Ташевска – Ременски помина повеќе од недела дена, на официјалната веб страна на Владата на Република Македонија, на нивно место се уште се наведени имињата на Митко Чавков како министер за внатрешни работи и Диме Спасов како министер за труд и социјална политика.

Loading...

Untitled

Земајќи во предвид дека на официјалната страна на македонската Влада се наведени сите последни активности на премиерот, односно потпишување во книгата на жалост во Француската амбасада, на 18 ноември, а и посетата на Бардовци од 17 ноевмри, се отвара прашање за тоа дали ИТ секторот направил пропуст во работењето или не добил наредба за промена на имињата на избраните нови министри од редовите на СДСМ.