На Украина ѝ се потребни 350 милијарди долари за обнова

Сподели со своите пријатели

Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска објави дека, според проценките на Киев, на Украина и се потребни 350 милијарди долари за реконструкција.

Loading...

Германскиот министер за економија по средбата со украинскиот министер за трговија најави дека сега постои можност Украина да ја добие војната со Русија.

„Сега можете да видите дека тоа може да заврши со победа на слободата и демократијата“, изјави тој пред новинарите, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бербок: Референдумите во Украина се спротивност на слободните и фер избори

Хабек денеска ги пречека министрите за трговија на Групата седум (Г7) кои се состануваат во замокот Нојхарденберг во германската сојузна покраина Бранденбург, пренесува Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.