На Спомен Костурница свечено одбележан Денот на независноста (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Република Македонија денеска го одбележува Денот на независноста. Дваесет и четири години Македонија е суверена и самостојна држава.

Loading...

По тој повод денеска со вечена програма на Спомен констурница беше одбележан овој празник, а на оние кои се бореле за слбоодата на државата им беше одадена почит.

[huge_it_gallery id=”191″]

На споменикот беше положено свежо цвеќе од борците од НОБ, претставници од Советот на Општина Куманово, политички партии, невладини здруженија и граѓани.

Свое обраќање имаше претседателот на Советот, Максим Димитриевски, кој ја истакна важноста на улогата на луѓето кои се бореле во минатото за да денес ние имаме своја држава.

Во духот на овој голем национален празник повикувам на заедништво и взаемно почитување, да ги здружиме силите затоа што не очекуваат големи искушенија во иднината – додаде Димитриевски во своето обраќање.

Свечената церемонија беше збогатена и со читање на литературни дела за празникот од страна на најмладите учесници во општеството, односно од учениците.

Loading...