На Москва ѝ треба дозвола да го истражи инцидентот во Балтичкото Море

Сподели со своите пријатели

На Москва ѝ треба дозвола за нејзините бродови да истражуваат инциденти на гасоводот „Северен тек“ во Балтичкото Море, изјави денеска рускиот вицепремиер Александар Новак.

Loading...

Прашањето е пристапот на нашите бродови, кои треба да имаат право на премин до областа каде што се случија инцидентите, изјави Новак за новинарите, пренесува Ројтерс.

Москва се обидува да спроведе истрага за оштетувањето на гасоводот, што се случи на крајот на септември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост